Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче применуваат „двојни аршини“ во однос на проектот „Безбеден град“.

Според Петрушевски, од една страна СДСМ јавно се залага за санкционирање на лицата кои управуваат возила без возачка дозвола, а од друга страна во Собранието гласале против имплементацијата на системот „Безбеден град“.

Тој тврдеше дека за време на протестите активисти поврзани со СДСМ упатувале закани кон полициски службеници и „дивееле низ градовите за да возат без возачки дозволи“, додавајќи дека ваквиот начин на протест ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува и јавно го осудува.

Петрушевски потсети дека СДСМ и Филипче гласале против проектот во Собранието и го посочи координаторот на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оценувајќи дека во неговиот мандат не бил реализиран системски проект за дигитална контрола на сообраќајот.

„Сега кога конечно се воведува систем кој воспоставува ред, одговорност и еднаквост пред законот, Филипче и СДС се против“, изјави Петрушевски, додавајќи дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, туку системско решение за зголемување на безбедноста на граѓаните.

Тој оцени дека секој што се залага за почитување на законот и безбедноста во сообраќајот треба да го поддржи проектот, а спротивното, според него, претставува политичка калкулација на штета на јавниот интерес.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он