Петрушевски: ДУИ креира намерно тензии за да ги заштити Артан Груби и останатите во нивните редови

Од:

ДУИ е повторно поразена. Дојде 11 и ништо не се случи. И ДУИ знаеја дека ништо нема да се случи, затоа што такви се судските процедури. ДУИ намерно креира постојана атмосфера на етнички тензии тоа го прават кога ќе се соочат со предизвици и со проблеми заради криминал, а на тој начин сакаат да одвлечат внимание. ДУИ креира намерно тензии не затоа што се грижат за правата на Албанците, туку затоа што сака да ги заштити криминалците во нивните редови како Артан Груби и останатите, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Самиот факт што Артан Груби се најде на црната листа ги извади на површина политичките криминалци од ДУИ и СДС, кои се борат за власт да прават криминал. И шаторите со двајца без тројца на ДУИ пред Уставен беа само блед обид да ги манипулираат Албанците, кои ги лажат две децении. ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за криминалот на Груби и неговото влијание и притисоци врз институциите. Ставањето на Груби на црната листа покажува и колкаво влијание имала таа партија заедно со СДС врз судството и зошто довербата во истото е само 2%. Знаејќи дека доаѓа време за одговорност и дека веќе не им поминуваат притисоците, ДУИ прави политички циркус. Тоа што никој не им оди на настаните, покажува дека народот ги прочитал. Пред Уставен беа само неколку политички криминалци, кои мислеа дека ќе ги лажат Албанците кои со години се иселуваа исто како и Македонците, додека тие правеа милиони. Доаѓа време за одговорност – рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер