Петрушевски бара одговорност и итни реформи по пресудата за модуларната болница во Тетово

Од:

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на пресудата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, барајќи целосна одговорност од надлежните институции.

– Ова се ниски, срамни, далеку од правото, посебно од правдата казни за случајот во кој изгореа 14 лица, а се случи во септември 2021 година во Тетово. По ваква пресуда, ни останува само едно, да ги повикаме надлежните, а воедно и да најавиме што е до нас, итни и неодложни реформи во правосудниот систем, изјави тој попладнево пред Основниот Кривичен суд во Скопје.

Според него, секој што учествувал во изградбата, надзорот и управувањето со модуларната болница мора да понесе одговорност.

– Сега мора да ги повикаме надлежните да пристапат кон постапка за разрешување на оние кои се инволвирани во носењето на оваа срамна пресуда за Модуларната болница во Тетово. Воедно ја повикуваме Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе оваа срамна пресуда, дополни Петрушевски.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи секаков израз на незадоволство од пресудата.

Тетовскиот Основен суд денеска ги прогласи за виновни поранешните директори на Клиничката болница Тетово обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година во кој 14 луѓе го загубија животот. Тие добија по година и шест месеци ефективна затворска казна. Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово беше прогласено за одговорно за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал