Петров:Тодоров да не се обиде пak да го забрани штрајкот на лекарите

Од:

„Министерот за здравство Тодоров повторно капацитетот и енергијата ја троши во обид како да го забрани или саботира штрајкот на лекарите, наместо да седне и да се договори за нивните плати и основни услови за работа“, велат од СДСМ.
Јавно го повикаа, да престане да го уништува синдикалното организирање и со своето однесување да го гази достоинството на лекарите.
„Здравствените услуги не се стоки на пазар за да се мерат на кантар, здравствените установи не се гранапи, а здравјето на пациентите не е продукт на полица. Здравствените услуги се комплексен спој на долгогодишно образование, огромно стекнато искуство, како и најважното, посветеноста на лекарот кон пациентот. Со реформата, власта ризикува лекарите повеќе внимание да посветат на исполнување на квотата и да пишуваат наместо точни, брзи дијагнози, загрозувајќи го со тоа здравјето на пациентите“, рече Андреј Петров.
Имаме целосно разбирање за лекарите, вели Петров, кои со право стравуваат дека формата „плата по учинок“, ќе биде уште еден механизам, со кој партиските директори ќе вршат политички притисок врз лекарите, а нивното толкување на резултатите и учинокот, ќе биде основа за политички пазарења и задоволување на политичките апетити.
СДСМ предлага, доколку министерот Тодоров сака да ја следи секоја ангажираност на лекарите тогаш да изгради цел транспарентен систем за вреднување на трудот кој ќе го воспостави во договор со синдикатот. Како основа да се земе загарантираната плата, а посебно да се наградува дополнително вложениот труд.
„Министре Тодоров, свесни сме дека можете да си обезбедите каква сакате судска одлука. Тоа веќе ни го покажавте. Имајте доблест и храброст да се соочите со синдикатите на рамноправна основа. Не се обидувајте повторно со судска одлука да го забраните штрајкот. Откажете се од обидите да го разбиете легитимното синдикално движење, преку вашите квази синдикати и преку заканите на вашите партиски директори. Наместо да ги понижувате и дискредитирате лекарите, слушнете ги нивните барања. Премногу енергија потрошивте во изнаоѓање начин како да ги деградирате, разбиете и понижите лекарите. Време е да сфатите дека така веќе не може. Седнете со синдикатот и дефинирајте ги правата и обврските на лекарите. Да потрошевте исто толку енергија за усогласување на ставовите колку што потрошивте за да го деградирате и разбиете синдикатот, до сега ќе најдевте заедничко решение“, рече Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он