Градоначалникот на Охрид Александар Петровски реагираше дека илјадниците летоци кои се појавија во Охрид со порака до него „ ДОСТА Е ПАКУВАЈ СЕ“, се испратени на погрешна адреса. Испишаните неисполнетите проекти од страна на градоначалникот на Охрид, како изградба на дом за стари лица, довршување на сите инфраструктурни проекти, итно санирање на амбулантата Маларична, претворање на Галичица во зимско рекреативен центар, од кај градоначалникот сметаат дека одговорноста е кај владата.
„Потсетуваме дека содржината на флаерите е испратена на погрeшна адреса. Вината за доцнењето на изградбата на неколкуте капитални објекти , кои ги има на флаерите не е во локалната самоуправа, туку во централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ. Овие објекти се на државно земјиште и локалната самоуправа одамна ја има испратено документацијата до Министерството за транспорт и врски за давање на земјиштето во сопственост на општината , но тие документи по нечија партиска наредба стојат во фиоката на некој министер“, пишува во соопштението.
Целта на летоците сметаат од кај градоначалникот на Охрид е градоначалникот на подмолен начин да го претстават како човек кој не си ги исполнил ветувањата.
„Флаерите не се потпишани што укажува на фактот дека нарачателите немаат храброст јавно да се идентификуваат, зaшто се плашат дека за ваквото клеветење ќе треба да одговараат. Ги повикуваме надлежните институции, особено СВР Охрид, што побрзо да ги пронајдат сторителите и да им поднесат соодветни пријави.
Очигледно е дека, кампањата за престојните локални избори , предвреме започна , а уште поочигледно е дека таа се темели исклучиво на секојдневните напади на ВМРО- ДПМНЕ врз градоначалникот Александар Петрески , но крајно загрижувачки е некој да се дрзне , без да се идентификува да растура флаери и да води „ предвремена подземна политичка кампања “.
Без претенциозност, потсетуваме дека сличен случај на подмолна кампања имаше за време на парламентарните избори кога активисти на владеачката ВМРО – ДПМНЕ делеа пропаганден материјал на други политички партии, со цел да ги збунат граѓаните. Тогаш велеа дека не биле нивни членови , но кога јавно беше прикажана видео снимката на која јасно се виде дека тие се членови на ВМРО- ДПМНЕ , во нивниот познат стил, останаа без коментар. Се прашуваме, ако на една година пред локалните избори, некој се служи со вакви методи, тогаш не можеме да замислиме што се ќе се употребува во текот на изборната кампања“, пишува во соопштението од градоначалникот на Охрид.