(ВИДЕО) Петровска за спотот на МВР: Несовесно е полицајците кои деноноќно се ангажирани да се користат како статисти

Од:

Техничката заменик-министерка, Славјанка Петровска за „А1он“ вели дека се оградува и не учествува во снимањето на спот, на паркингот пред Спортскиот центар Борис Трајковски. Таа вели дека несовесно е полицајци кои деноноќно се ангажирани за контрола на полицискиот час, но и спроведување на мерките за коронавирусот, да бидат статисти во спот.

„Известена сум за настанот. Наредено е да бидат повлечени 80 обележани полициски возила, кои ќе бидат искористени за потребите на снимање на спот, 15 часот до 23 часот. Учествуваат и стотина полицајци. Не учествувам и се оградувам од тоа. Сметам дека во услови на вонредна состојба кога полицајците се ангажирани деноноќно на терен за контрола на полицискиот час и спроведување на мерките, несовесно тие да бидат искористени како статисти во спот“, вели Петровска во изјава за „А1он“.

Досега, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, не одговори на прашањата од „А1он“ за тоа, дали тој издал наредба да се снима спотот, која е итноста за негово снимање во сред пандемија со коронавирусот, но и колку полициски службеници се вклучени.

Инаку, „А1он“ веќе објави дека возилата на полицијата неколку часа со вклучени ротирачки светла стојат на паркингот кај СП Борис Трајковски. Таму се присутни и полициски службеници. Нема одговор ниту од Министерството за внатрешни работи околу тоа, дали и колку средства се потрошени за снимање на спотот.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он