Петровска: Талевски да поднесе оставка

Од:

Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, по судската одлука за домашен притвор за Талески, осомничен за злоупотреба на 360.000 евра, го покажува стравот и паниката што владеат во нивните редови од соочување со одговорноста, изјави денеска на прес конференција, координаторот на советничката група во Општина Битола од СДСМ, Наташа Петровска.

– ВМРО-ДПМНЕ се обидува преку притисок врз судството да го одбрани криминалот во сопствените редови. Народот преку „Вистината за Македонија“ слушна какво мислење имаат сопартијците за Владимир Талески, актуелниот пратеник Зоран Илиоски, како и поранешниот министер Зоран Ставрески. За апсурдот да биде уште поголем прв кој се стави во негова одбрана беше токму Зоран Илиоски, човекот кој велеше дека Талески не направил апсолутно ништо во неговиот мандат. Дали е тоа така токму поради фактот што Зоран Илиоски по предлог на Владимир Талески 2 пати беше дирекор на ЈП „Водовод“? Дали е така можеби поради фактот што додека беше директор во ова претпријатие го вработи својот брат? – рече таа.

Петровска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се помири со тоа дека правдата ќе го стигне секој кој се огрешил пред законот, секој кој работел против интересот на граѓаните.
 
– Но правда ќе има. Тоа важи и за Владимир Талески кој итно треба да си поднесе оставка за да може општина Битола да работи во интерес на граѓаните. Граѓаните очекуваат законите и правдата да важат за сите подеднакво. Оттука, надлежните органи и битолската полиција треба да дадат одговор на прашањето дали Талески конечно го доби решението за куќен притвор – рече советничката Петровска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски