Петровска: Освен безбедносните придобивки, наскоро ќе се почувствуваат и економските бенефиции од членството во НАТО

Од:

Ниту една одлука и процес не може да биде завршен ако не се донесат вистински одлуки во вистинско време. Одлуката за нашето зачленување во Алијансата, што во 2018 значеше потпишување на Преспанскиот договор, а потоа носењето на уставните измени, се покажа како вистинска, мудра одлука во вистинско време, со која всушност се обезбеди иднината на нашата држава, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на панелот „Северна Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина“.

Според Петровска, најбрз и највидлив пример од нашето зачленување во НАТО е трансформацијата на нашата Армија, и се она, како што кажа, е направено и долгорочните планови што се донесени, но и нивната успешна реализација.

-Но не може да се има успешна армија ако вложувате само во опрема, без притоа да обрнете внимание на човечкиот потенцијал и грижата за него. Придобивките од Алијансата, освен во воена смисла, настојуваме да ги приближиме и во делот на образованието, преку проектите што се спроведуваат, но и во делот на економијата, во насока компаниите во Северна Македонија да ги приближиме до пазарот на Алијансата, нагласи Петровска.

Таа потсети на почетокот на војната во Украина во 2020 година, и што би се случило доколку земјава во тој момент не била членка на Алијансата.

-Во февруари 2020 светот се разбуди за жал со нешто што до последен момент не верувавме дека ќе се случи, а тоа е неоправданата руска инвазија врз Украина, повреда на територијалниот интегритет и повреда на демократското право на таа држава. Северна Македонија од самиот почеток ги кажа своите позиции, дававме поддршка и се уште даваме на секаков можен начин. Ако во таа година не бевме членка на Алијансата, никој министер за одбрана, без разлика дали тоа бев јас или некој друг, не можеше да даде одговор, таков каков што во тоа време давав јас, а тоа е дека Северна Македонија е безбедна од аспект на конвенционални закани, затоа што е земја-членка на Алијансата. Но како го достигнавме тоа? Повеќе од 30 години сите зборуваа за важноста на нашето зачленување во НАТО, меѓутоа клучниот момент беше 2018 и носењето на таа тешка но многу значајна и важна политичка одлука, истакна таа.

Во однос на најавите од НАТО дека ќе инвестира огромна сума пари во производство на муниција и оружје и дали земјава се гледа во тие зделки, за да на тој начин има придобивки од НАТО, Петровска рече дека во земјава во моментов постојат неколку компании кои се приватни за воена индустрија и државата нема учество, кои со сопствени ресурси се обидуваат да учествуваат и на пазарот надвор од државата.

-Приоритет ни е во наредниот период, тие компании, преку државата, во една институционална рамка да ги поддржиме, свесни токму за предизвикот што претстои пред сите нас, и пред земјите-членки на Алијансата, меѓуоа и пред остатокот од светот, а тоа е, за жал би рекла како човек, зголемената потреба од дополнително вооружување и опремување на капацитетите на армиите, истакна Петровска.

Генералот Мирослав Стојановски, посочи дека во изградбата на нашата Армија почнавме речиси од нула и биле потребни многу напори за да се дојде до моментот кога веќе можеме да зборуваме за модерна, мала и современа армија.

-Инфраструктурата беше огромна, со многу објекти без квалитетно одржување… Ние во тој момент од осамостојувањето не бевме во можност со своите способности да учествуваме во некаков натпревар каде што нашата држава ќе претставува некаква воена моќ или некаква закана за некого. Вториот и можеби клучниот период е 1995 година, со приклучувањето на земјава во Парнерство за мир, рече Стојановски, оддавајќи признание на целиот воен персонал и на човечкиот фактор за тридецениската трансформација на Армијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

(ВИДЕО) Петровска: Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ

Горан Наумовски

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Петровска бара ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

Катерина Ѓуровски

Петровска: Целосно размонтирање на случајот за убиството пред „Мавровка“ – МВР криеше кои се убијците

Мицкоски: Ќе поднесам тужба за монструозните обвинувања на Петровска