Петровска: Имаше заинтересираност од НАТО-членки за случувањата во М-НАВ, политиката да ги тргне рацете од синдикатите

Од:

Министерката за одбрана Славјанка Петровска потврди дека имало реакција од НАТО во однос на случувањата во операторот за воздухопловна навигација М-НАВ, но не во форма на официјална писмена реакција.

-Кога зборуваме за НАТО да не заборавиме дека и ние сме во НАТО. Комуникацијата која ја имаме на секојдневна основа, но на различни нивоа, дека биле поставувани прашања во рамки на тоа што се случува асполутно, да. Официјална писмена реакција, барем до Министерството за одбрана нема. Меѓутоа, секој вид на комуникација ние го сметаме можеби не за загриженост, туку за заинтересираност за тоа што се случува што е сосема легитимно. Во тој момент на тој ден, на аеродромот во Скопје слетаа два авиона од НАТО-земји членки со определна намена, така што јасен е интересот на земјите членки на НАТО кои што го изразуваат ова. Многу е важно, кога што и да се случи како оваа ситуација во М-НАВ, да постои реакција и да постои соодветно постапување. Владата го заврши својот дел од задачата, ги разреши директорите за кои сметаше дека недоволно добро ја менаџирале институцијата. Сега ги повикуваме во интерес на граѓаните и јавноста ги останатите институции да го завршат професионално и без никакво влијание својот дел од работата, рече денеска Петровска на новинарско прашање.

Таа потсети дека уште минатата недела за случувањата во М-НАВ имала консултација со премиерот и оти кажала дека компромис со безбедноста на македонското небо не смее да има. Тоа вели го покажала и вчерашната седница на Влада со предлогот даден од страна на премиерот за разрешување на директорите и поставените нови директори на нивно место.

-Во ниту една институција на државата, особено не во институциите кои се дел од критичната инфраструктура во државата, а М-НАВ е институција во која што навистина се изведуваат специфични и специјални задачи, ваков тип, па дури и да станува збор за недоразбирање меѓу двајца колеги, па дури и да станува збор за тоа што беше соопштено во јавноста е недозволиво. Од тие причини, таквите појави и однесувања и на вработените меѓутоа и на реакциите од синдикатите и т.н. покажаа дека со таа институција недоволно добро се менаџирало и раководело. И од тие причини практично беше поднесен предлогот за разрешување на директорите. Како што реков, компромис кога зборуваме за работите кои се однесуваат за безбедноста и на нашите граѓани меѓутоа и на граѓаните ширум светот, компромис нема да има. И оттука сме должни сите ние и јас како министерка која сум политички именувана, но и сите други кои сме на вакви функции да гарантираме дека во институциите ќе владее професионализам, рече Петровска.

Во однос на коментарите на судот, односно одлуките кои ги донесоа за изрекување мерки на претпазливост на инволвираните во инцидентот во М-НАВ таа кажа дека не се согласува со нив.

-Лично јас не се сложувам и мислам дека ќе треба да си ја преиспитаат одлуката. Не сакам апсолутно да влијаам на одлуките од позиција на министер за одбрана, меѓутоа целата оваа ситуација ќе треба посериозно да ја сфатат. Ќе имаат веројатно дополнително време, убедена сум дека извршните органи или МВР одлично ќе си ја заврши и ја заврши до тука својата работа. Меѓутоа треба да се има предвид целокупното законодавство во РСМ, но и меѓународно преземените обврски, рече Петровска, која одговараше на прашања по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за поддршката од девет милиони евра од Европскиот мировен фонд за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.

Таа наведе дека како работодавач има комуникација со четирите синдикати во одбраната со кои, вели, успешно водат дијалог на неделна основа и упати апел до синдикатот во М-НАВ, но и до сите синдикати да се залагаат за решавање на проблемите без нивна политизација, а политичките партии да не ги злоупотребуваат синдикатите.

-Јас само упатив апел до овој, но и до сите синдикати да бидат професионални, да се борат апсолутно за правата на работниците затоа што тоа е нивната улога, така ќе не држат и нас будни. Меѓутоа еве еден апел, не е предупредување, политиката да се држи понастрана од нив , рече министерката за одбрана прашана дали имало политички мотиви во реакцијата на синдикатот на М-НАВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

(ВИДЕО) Петровска: Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ

Горан Наумовски

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Петровска бара ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

Катерина Ѓуровски

Петровска: Целосно размонтирање на случајот за убиството пред „Мавровка“ – МВР криеше кои се убијците

Мицкоски: Ќе поднесам тужба за монструозните обвинувања на Петровска