Петровска: Граѓаните имаат право на целосни информации што ќе значи санитарната депонија во Свети Николе

Од:

Државниот секретар за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска присуствуваше во Свети Николе на 26-та вонредна седница на Советот на општината.

Како што соопшти Министерството за животна средина, на седницата, покрај членовите на Советот на општината присуствуваа и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од месните заедници Мустафино, Ерџелија, Немањица и Мечкуевци како и претставници на граѓански здруженија од Овчеполието.

Министерството го презентираше проектот со посебен осврт на техничките карактеристики на централната инсталација и придобивките за животната средина од ваквото управување со отпад, наспроти постоечкиот неорганизиран систем.

Изразувајќи го задоволството што овој голем проект со кој ќе се воспостави современиот систем за управување со отпад во 18 општини од Источниот и Североисточниот регион и општина Свети Николе и за кој се обезбедени средстава преку ИПА фондовите на ЕУ конечно е откочен и е доведен во фаза кога треба да се започне со набавка на камиони, контејнери и изградба на централниот објект, Петровска нагласи дека всушност оваа отворена седница значи отварање на проектот спрема граѓаните, со цел да се одговори на сите прашања и дилеми на жителите и да се изгради доверба и партнерство.

Според Петровска ако досега се разговараше со доносителите на одлуки, отсега па натаму се отвора процесот на транспарентно вклучување на жителите во процесот на донесување на одлука и ќе се разговара со граѓаните се додека не се обезбедат доволно информации што една ваква депонија за која во Македонија немаме пример, ќе значи за локалното население, на регионално ниво, но и на национално ниво.

Овој процес на транспарентна консултација со засегната јавност ќе продолжи се додека не се одговорат сите прашања и не се разрешат сите недоумици кои произлегуваат од стравот дека изградбата на ваквата санитарна депонија ќе наштети на локалните органски земјоделци, на подземните води или на амбиенталниот воздух.

Покрај ова, стана збор и за компензациските мерки и бенефитите што населението и целиот регион ќе го имаат од социјален, економски аспект но и од аспект на целосна заштита на животната средина што всушност ќе биде подигната на повисоко и поконтролирано ниво, ако се земе предвид сегашната состојба со нелегалнитите депонии и ѓубришта, се додава во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци

Шестмина добија кривични пријави бидејќи противзаконски доцртале кат на зграда во Свети Николе

А1он