Петровска: Битола нема време за чекање, општината мора да биде перспектива

Од:

Со огномет и овации беше поздравен кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Наташа Петровска. Таа на самиот почеток потенцира дека нејзиниот тим е нејзината Битола потенцирајќи дека ѝ е мило што митинзите на партијата почнуваат од овој град. На самиот почеток таа кажа низа работи за својот живот во Битола евоцирајќи спомени од детството.

„Во последната деценија Битола го изгуби сјајот. Раскопани улици, младите си отидоа, а тие се богатеа на нашиот грб. Доста е, промени мора да се случат. Промените се наши и ќе се случат на 15 октомври во првиот изборен круг. Битола нема време за чекање, овие избори се за поинаква Битола, која ќе биде перспективна. Ќе направиме гасификација по примерот на Струмица, а ќе имаме и сообраќаен режим и нови паркиралишта. Младите ќе имаат повеќе простор за разни спортови преку мултифункционалниот спортски центар што ќе го изградиме. Ќе ги зголемиме капацитетите во градинките и домовите за старите лица, а минато ќе биде ѓубрето расфрлано низ градот. Ќе се облагородат месните заедници, кои ќе бидат топли катчиња на нашите граѓани. Современите услови во училиштата се основни приоритети кои мора веднаш да се спроведат и тоа е должност на секоја локална власт“, рече кандидатката Наташа Петровска.

Петровска на битолчани им порача дека нејзиниот кабинет ќе биде постојано отворен за нив, а чесноста е, пред сè, притоа порача дека живот во Битола мора да има.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски