(ВИДЕО) Петров: Во недела пред МВР – Марш за вистината

Од:

Во недела од 12 часот граѓаните и опозицијата од Веро во населбата Тавталиџе до Министерството за внатрешни работи ќе маршираат и ќе го изразат својот револт и незадоволство против МВР, како што велат, институцијата што ги злоупотреби своите овластувања и која наместо институција што ги штити интересите на граѓаните застана во одбрана на партиско-полициската номенклатура.

Андреј Петров, Генералниот секретар на СДСМ  ги повика сите граѓани да се придружат на маршот против режимот.

Оваа власт одбива да ја превземе одговорноста за „црниот“ понеделник кога брутално беше суспендирана демократијата. Отпорот ќе се интензивира со блокади на раскрсници и наредната недела. Македонија мора да остане демократска држава, рече Петров.

Мандатите како пратеници, најави, ќе ги вратат доколку власта не се вразуми. Според СДСМ нема потреба од формирање на анкетна комисија за испитувањето и расветлувањето на настаните од 24-ти декември, како што предлага партијата на Руфи Османи, бидејќи разликите во ставовите се видливо различни.

Одговарајќи на новинарско прашање, Петров појасни дека пратеникот Игор Ивановски вчера во Стразбур не бил на трошок на државата туку на сопствен, што е во духот на однесувањето на СДСМ и дека таму отишол за да ја чуе Европа вистината за недемократскиот капацитет на власта и за она како се бркаа, тепаа и влечеа новинари и народни избраници од Собранието.

Би можело да ве интересира

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата