Петров: Владата „тивко“ ќе ги крати платите на лекарите

Од:

Опозициската СДСМ е загрижена од новата мерка на министерот за здравство Тодоров со која лекарите ќе примаат плата според учинок. Со ваквиот начин на исплата државата тивко им ги крати платите на лекарите, смета СДСМ.

Мерката предвидува доколку некој лекар не го одработи предвиденото му следуваат само 70 отсто од платата, а при тоа му се забранува дополнителна дејност.

„Нејасно е според кои критериуми ќе се вреднува трудот и зошто нема јавно достапна анализа за лекарите и за граѓаните како се дефинирани параметрите за одредување на учинок на сите лекари, со оглед на тоа дека имаат различни специфични работни места. Тоа наведува до заклучок дека кратењата ќе се вршат субјективно, што подразбира дека власта си најде механизам како да врши притисок и заплашување и на лекарите“, вели Андреј Петров.

„Во една здравствена единица 10 лекари ќе примат 70 отсто од платата, додека наградени ќе бидат двајца или тројца.Како што споменикот на Тодор Александров го именуваа „војвода на коњ“, на ист начин и кратењето на платите на лекарите го именуваат „плата по учинок“. Како што на сите им е јасно дека споменикот во Кисела Вода е на Тодор Александров, така на сите лекари им е јасно дека со „плата по учинок“, власта најде начин како скришно да направи намалување на платите.И на крајот сето ова оди на грбот на пациентите. Тие наместо да можат достоинствено да се лекуваат, ќе влезат во шемата на исполнување на нормата, а лекарите ќе им посветуваат се помалку внимание и ќе се однесуваат како работници на лента.Сакаме да напоменеме, дека пари за здравството во буџетот има, само треба владата да се откаже од непродуктивните трошоци за огради, врби и реклами “, изјави Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Зелен кеј, модерни вело рути и безбедни јавни простори конкретни проекти за Ѓорче Петров

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

(ВИДЕО) Ристески: Четири години на ВМРО-ДПМНЕ, четири години застој, разочарувања и нула резултати во Аеродром!

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он