Петров: Владата да се грижи за живите, а не за одамна мртвите

Од:

СДСМ повторно реагира за електронската здравствена картичка. Владата, велат прво се фалеа дека таа ќе биде бесплатна, потоа се предомисли и средствата кои веќе беа планирани во Буџетот за таа намена ги намали и од ставката здравство ги пренамени за други цели!

СДСМ предлага Закон со кој наместо секој граѓанин да плати по 250 денари за картичката, таа обврска да ја превземе државата.

„Новата давачка од 1.000 денари за секое семејство во Република Македонија во услови на тешка криза и економска сиромаштија, кога луѓето неможат крај со крај да врзат и се живо поскапе, ќе го доуништи и така урнисаниот животен стандард. Здравјето на луѓето нема цена“, изјави Андреј Петров од СДСМ

Наместо државата да даде само 4 милиони евра за бесплатна здравствена електронска картичка и со тоа да им овозможи на граѓаните непречен пристап до здрвствениот систем, од една страна и макар малку да им ја олесни ценовната агресија врз семејниот буџет, таа се решава тие пари и понатаму да ги троши за жални врби, златни огради и други „бесови“, вели Петров.

„Овие пари се ништо во споредба со недозволената екстраваганција на Проектот Скопје 2014, но се многу значајни за опустошениот стандард на населението. Проектот кој според Преродбата требаше да биде готов далечната 2007 година и да биде бесплатен сега го натоварија на грбот на граѓаните. Затоа денес ги повикуваме владеачките партии да го поддржат ова законско решение на СДСМ, да водиме сметка повеќе за живите луѓе и нивното здравје наместо за оддамна мртвите“, изјави Петров.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти