(ВИДЕО) Петров вети враќање на зелените површини во Карпош

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од коалицијата „Сојуз за иднината“, Андреј Петров денеска претстави дел од неговата програма што се однесува на хортикултурното уредување во општината.

Најави зачувување на зелените површини од, како што рече, хиперурбанизацијата на Карпош. Планирана е реализација на проект т.н. урбана шума со кој се предвидува на сите уништени површини на територијата на општината да се подигат дрвни насади со повеќе видови дрвја, а покрај ова ќе се изврши и партерно и хортикултурно уредување околу станбените згради и зелените површини.

Ова претежно, се однесува на просторите околу постарите згради за колективно домување, чии околни слободни простори се во лоша состојба. Ќе се изврши целосно ново партерно и хортикултурно уредување, при што ќе се реши и начинот на наводнување, како најголем проблем при одржувањето на зелените површини, изјави Петров.

Дел од неговата програма е и поддршката за изградба на „зелени покриви“, односно ослободување на дел од надоместоците кон општината за изградба на зелени површини на рамните покриви и тераси на новите објекти.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?