Петров: Програмата не е препишана, туку произлегува од граѓаните

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ, Андреј Петров денеска на сите жени и на наговата противкандидатка од коалицијата „За подобра Македонија“ Јагнула Куновска им го честита 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Честитајќи и го празникот на неговата противкандидатка, Петров и порача да не се оптоварува со неговата програма која, како што рече, не е препишана туку произлегува од потребите на граѓаните.

–  Ја користувам оваа прилика да и го честитам овој празник и на мојата противкандидатка Јагнула Куновска, меѓутоа во исто време да и порачам да не се оптеретува со програмата на Андреј Петров за Карпош бидејќи таа е испишана на секоја педа од територијата на општина Карпош. Смешно е тврдењето дека нешто од вас сум препишал, тоа граѓаните добро го знаат, рече Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?