Петров: Никој нема да биде избркан од вработените во Карпош

Од:

Влакно на глава нема да им фали на вработените во Карпош и на сите што ги извршуваат одговорностите чесно и носат парче леб дома.

Тоа ќе биде така и никако поинаку, вети кандидатот на Сојузот за иднина за општина Карпош, Андреј Петров.

Тој најави дека за следниот мандатен период ќе изгради пензионерски дом, две градинки, ќе го гасифицира карпош како колегите во
Куманово и Струмица.

Нема да има зонско паркирање во Карпош, ќе има бесплатно пливање за сите ученици, автобус за луѓето од Злокуќани до Центар.
Вашите пари домаќински и одговорно ќе ги трошам, затоа локалните избори во Карпош се епицентарот на отпорот против оваа режимска власт. не го давајте гласот за превртливоста и алчноста и ситните интереси, туку за принципи. Нема идеален кандидат за карпош, таков не постои, но со цело знаење ќе се фокусирам да ги решаваме вашите проблеми. не се служам со уцени и заплашувања, немам дилеми дека на 24. ќе извојуваме победа, рече Петров.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?