Петров: Нема одење на локални без да има парламентарни избори

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров за А1 рече дека тие се подготвени за разговор околу заеднички кандидати со ВМРО-ДПМНЕ за Струга и Кичево, но за тоа е потребно да се создаде фер и демократски амбиент.

„Ние сме подготвени за разговор околу евентуален заеднички кандидат меѓутоа за тоа е потребен амбиент. Не може некој да очекува дека во услови кога пратениците од СДСМ ги тепаат, СДСМ да разговара со таа политичка партија за заеднички кандидат. Тоа е невозможно“, рече Петров.

Петров тврди дека досега немале разговори со ВМРО-ДПМНЕ иако неофицијално локалните ограноци во Струга и Кичево на двете партии пред случувањата во Собранието на неколку пати разговарале. Информациите се дека за Кичево веќе била договорена соработка, додека за Струга ситуацијата е се уште статус кво после последните настани.

„До сега разговори не сме имале. Начелно нашиот став сме го соопштиле и на тој став уште стоиме. Но тој став подразбира дека во државата мора да има минимум демократски амбиент. Необјасниво е за било поради ова што се случува да ние влегуваме во било каква варијанта за соработка.

– Кој е тој што кога ќе му удрите ќотек ќе влезе со вас да соработува. И за Кичево и за Струга може да разговараме за заеднички настап, но тоа подразбира дека треба да одиме на избори. Нашиот услов е недвосмислен и јасен. За да одиме на локални избори потребни се фер и демократски парламентарни избори“, рече Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз