(ВИДЕО) Петров: Нашето клучно барање за одење на предвремени парламентарни избори е постигнато

Од:

Нашето клучно барање, она за постигнување договор за одење на предвремени парламентарни избори е постигнато, рече Андреј Петров, на денешната пресконференција.

„Со еден збор, на локални избори одиме, предвремени избори ќе има!

– Како директен учесник на средбите со меѓународните претставници на кои беше постигнат политичкиот договор сакам да го изјавам следново:

– Прво, договорено е веднаш по локалните избори да се седне на заедничка маса со цел да се утврди тајмингот за следните парламентарни избори. Точно е дека зборот “предвремени“ не е содржан во договорот, и тоа само заради инаетењето на Никола Груевски и неговото инсистирање на формата.

– Содржината и суштината остануваат исти: тајмингот за редовни парламентарни избори е утврден со Устав, а секое седнување на маса и договарање на друг датум значи договор за предвремени парламентарни избори. Конечно, гарант за овој факт се преставниците на меѓународната заедница кои присуствуваа на средбите.

– Второ, ќе се формира Комитет за истрага на настаните околу 24 декември, од чиишто заклучоци ќе произлезе конкретниот договор за предвремени парламентарни избори. Комитетот ќе треба да го констатира она што целата домашна и меѓународна јавност го виде со свои очи, а тоа е дека од страна на власта беше прекршен Уставот на РМ и Деловникот на собранието.

– Трето, пратениците на опозицијата се враќаат во Парламентот со една и единствена цел, а тоа е да се овозможи евентуален почеток на преговорите со ЕУ.

– Благодарни сме им на сите граѓани кои ги поддржаа активностите на Отпорот со што ни помогнаа да ги реализираме нашите клучни приоритети: договор за предвремени парламентарни избори и евентуално деблокирање на евро – атлантските интеграции на Република Македонија.

– Истовремено, ги повикуваме граѓаните заеднички да ја продолжиме битката до победата на претстојните локални избори, а потоа и до конечното рушење на недемократската власт на Груевски“, изјави Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски