Петров најавува легализација по едно евро и за доградбите во зградите

Од:

Кандидатот за градоначалник на Сојузот за иднината за општина Карпош Андреј Петров најавува еднаков третман за сите граѓани во процесот на легализација на дивоградбите во индивидуалните објекти и во колективните станбени згради по едно евро за метар квадратен.

– Нема логичен одговор зошто индивидуалните објекти за домување да се легализираат по 1 евро за метар квадратен, а ги има објекти со многу висок стандард, а колективните по цена од околу 120 евра за метар квадратен, при тоа имајќи предвид дека најголем број од колективните станбени згради се со постар датум на изградба, ги има дури и од периодот пред земјотресот и тука никако не може да стане збор за некој повисок стандард за живеење, изјави Петров.

Тој најавува дека со одлука на Совет ќе ги заштити граѓаните  и нема да дозволи различен третман во постапувањето.

– Легализацијата ќе биде по едно евро за метар квадратен за сите. На граѓаните кои веќе го платиле надоместокот по целосна цена, ќе се разгледа законската можност за повраток на уплатените средства, потенцира Петров.

Тој најави дека ќе го решава проблемот и со паркирањето со проширување на капацитетот на постојните и оти паркрирањето ќе биде бесплатно.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?