Петров најави изградба на црковен храм во Карпош

Од:

Сакам денес од тука од пред црквата Св. Пантелејмон во Нерези, да ви го честитам големиот верски празник Прочка, да побарам од граѓаните на Карпош да ми простат доколку сум им згрешил, јас им опростувам на сите што ми погрешиле во духот на нашата христијанска традиција, рече Андреј Петров, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, од Сојузот на иднината, на денешната пресконференција.

На сите граѓани, Петров им посака хармонија и спокој во семејството.

Има само една работа која не можам да ја простам тоа е предавството. Предавството на блиските е непростливо, додаде Петров.

„Ја користам оваа прилика да најавам изградба на црковен храм во Карпош што е составен дел на мојата изборна програма, бидејќи за овие 5 години не е мрднато од камен од онаа иницијатива која ја отпочнав во мое време за изградба на православен храм во Карпош. На локација во срцето на општината ќе предвидиме парцела која ќе ги задоволи потребите за изградба на еден ваков објект“, изјави Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226