Петров на граѓаните им порача да се борат за вистинските вредности

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ  и „Сојузот за иднината“ Андреј Петров на денешната прес-конференција воочи верскиот празник Прочка на своите сограѓани им посака да веруваат и да се борат за вистинските вредности.

– Она на што нѐ учи верата, онака како што беа воспитувани постарите генерации, е дека вистинските вредности за кои треба да се бориме се слободата на секој граѓанин, можноста за пристоен живот на секој од нас, солидарност кон другите, несебичност, желбата да се стави општото добро пред личното, зашто човекот не е изолирана единка надвор од системот, рече Петров.

Тој вети дека несебично ќе се залага за постарите жители и ќе изгради Дом за нега на стари лица бидејќи, како што рече, тоа што сега го имаат е под секоја пристојност.

– За најмладите, за иднината на Карпош, ветуваме изградба на нови градинки, отворање дневен престој за деца со посебни потреби со вклучен стручен надзор од лекар, педагог, психолог и медицинско педагошки сестри, како и со вклучена исхрана, истакна Петров.

За болните граѓани тој најави дека ќе  основаат Фонд за помош за итни операции и лекување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?