Петров: Крај на диктатурата со превремени парламентарни избори

Од:

И Гостивар вечерва излезе на улиците. Граѓаните, предводени од опозицијата, маршираа во знак на отпор.
Бараат да се стави крај на диктатурата и насилничкиот и ненароден режим на Груевски.

Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров рече дека единствен излез од оваа состојба се предвремени парламентарни, заедно со локалните избори, на кои народот ќе му ја испорача сметка на Груевски.

Петров рече дека иницијативата за формирање независна експертска комисија која ќе утврди што се случувало во македонското Собрание на 24 декември, се само купување време и барање можност власта да ги амнестира виновниците.Сите видоа, рече што се случи, на црниот понеделник, дека беа исфрлени новиарите и влечени и тепани народните избраници. Затоа, рече Петров, одиме до крај, враќање нема.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите