Петров: Ќе се обидеме да ја зголемиме поддршката во вториот круг на изборите

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Андреј Петров денеска изрази благодарност до граѓаните за поддршката која му ја дале за да влезе во втор круг на локалните избори.

– И покрај тоа што поради објективни причини доцна почнавме со нашата кампања, во Карпош граѓаните ни дадоа значајна поддршка која ќе се обидеме да ја зголемиме во вториот круг на локалните избори, рече на денешната прес – конференција Петров.

Тој најави дека во наредните две недели повторно ќе објасни неговата програма и ќе ја бара поддршката за подобра иднина општината и граѓани.

– Ги повикувам сите оние гласачи чии кандидати не влегоа во вториот круг да ја разгледаат мојата програма и да ја дадат својата поддршка за мене како иден градоначалник на општина Карпош, потенцира Петров.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?