Петров им се заблагодари на сите граѓани

Од:

Андреј Петров, кандидат на Сојузот за иднината за градоначалник во општина Карпош, денеска им порача на граѓаните од оваа општина дека како иден градоначалник не им ветува брда и планини, туку реални и оствaрливи проекти кои се во нивен интерес и за нивни потреби, а не за теснопартиски интереси.

Петров ја охрабри јавната администрација во Карпош да не подлегнува на партиски интереси и самата да се избори за подобри работни услови.

– Ниту еден вработен во јавната администрација во Карпош кој работел чесно и поштено нема потреба да се плаши за своето работно место. Како иден градоначалник на оваа општина, мојот приоритет се граѓаните, нивните маки и проблеми. Тоа ќе биде лајф мотото во мојата работа – вели Петров.

Тој им се заблагодари на сите граѓани што сесрдно ја прифатиле неговата демократска кампања и вети подобра иднина за Карпош.

– Јас, за разлика од некој мој против кандидат кој вчера тврдеше дека „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“, покажав и докажам што знам и се гордеам со своето знаење – нагласи кандидатот на опозицијата за градоначалник во општина Карпош.

Темјана Поповска

 

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ