Петров: Дебатата ќе биде изборен предмет во образованието

Од:

На вечерашната програмска трибина на СДСМ „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров најави мерки за поголема транспарентност.

„Се обвруваме до крајот на 2024 да ги ослободиме сите јавни простори пред институциите, да ги симнеме сите огради. Можеби ова не значи многу за некого, но тоа симболизира отворени институции за граѓаните.

Една алатка којашто ќе ја воведиме се вика „Прашај што сакаш” преку која граѓаните до Владата ќе можат да постават прашање, а во рок од 3 дена ќе треба да добијат одговор. Се надеваме дека оваа алатка ќе ја користат и сите други институции. Ова ќе биде надоврзување на целата дигитализација што се случува во институциите. “Само Прашај” е надоградба на сите други услуги”, рече Костов.

Петров се осврна и на нивото на дебата за што оцени дека е ниска и на социјалните мрежи, за што предложи воведување на дебатата како изборен предмет во средното образование.

„Единаесет години немаше дебати. Нема култура на конструктивна дебата. Дебата се води на ниско ниво со навреди и токму затоа сметаме дека дебатата, културата на дебата треба да биде воведена во средните училишта”, рече Петров

Тој во своето обраќање ја потенцираше и важноста на Пленумите најавувајќи дека за пленумите ќе се учи во учебниците по граѓанско образование.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“