Петров: Црвенковски не се меша во случувањата во СДСМ

Од:

Андреј Петров, кој беше секретар на СДСМ, вели дека ја почитува одлуката на новиот лидер, Зоран Заев да не го вклучи во новиот тим на најголемата опозициска партија, а во исто време вели дека партијата не трпи никакво влијание од поранешниот лидер Бранко Црвенковски.

„Со екслидерот Бранко Црвенковски, и ден денес имаме пријателска комуникација. Кај него во кабинет често навраќам да размениме мислење. Има од него што да слушнеш. Иако воопшто не се меша во актуелните случувања во СДСМ, тој како долгогодишен претседател и премиер на државата е еден од најголемите познавачи на политичките текови”, изјавил Петров во интервју за Дневник.

На прашањето дали повторно ќе се кандидира за пратеник во Собранието, Петров рекол дека не размислува за истото, и дека во моментов е подготвен да го развива одделот за дерматологија и естетска дерматологија во „Систина”, односно ќе се насочи кон својата стручност, а на политичка припадност, иако нема планови да се пензионира од политиката, а секогаш ќе биде тука доколку му затреба на новото раководство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците