Петрески: Славија и „Сахара Груп“ имаат потпишано преддоговор за продажба, но хотелот се уште не е продаден

Од:

„Хотел „Славија“ и „Сахара Груп“ на индискиот милијардер Субрата Рој имаат потпишано преддоговор за продажба на хотелот“, рече за А1 градоначалникот на Охрид , Александар Петрески

„Сахара Груп има преддоговор со хотелот Славија. Но тоа не е дел од таа инвестиција што тие ја најавуваат дека ќе ја реализираат овде.Тие се заинтересирани Славија да го купат само за сопствени потреби, за себе, за својата фамилија. Но според оние сознанија што ги имам, таа нивна идеја се уште не е реализирана и штом се реалзира јас сигурно ќе знам. Штом ќе се случи купопродажбен договор на хотелот јас ќе знам, бидејки уплатата за данок на продажба мора да помине преку општината. До овој момент тоа не е направено, иако сметам дека е многу блиску работата да се реализира“, вели Петрески

Петрески вели оти се спремни да направат се , дел од капиталот на Рој да влезе во Охрид.

„Јас имав средба со претставници на „Сахара Груп“ каде беше присутен и Виктор Мизо. Можам да потврдам дека тие се силно заинтересирани да инвестираат во Охрид. Убеден сум дека таа нивна желба ќе се реализира. Овде за да успее целата работа мора да има соработа помеѓу локалната и централната власт. Околу продажбата на земјиштето ингеренциите се уште кај држвата. Ние како општина треба да извршиме измена на урбанистички план во согласност на она што тие го бараат.Ние како локална самоуправа ќе направиме се за да успее целата работа, и јас на нив им дадов гаранција дека ние го подржуваме тој проект“, рече Петрески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство