Петрески: Охрид ја доби најдобрата советничка листа

Од:

Коалицијата на здружената опозиција  „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ денеска на прес-конференција ја презентираше листата советници за составот на идниот совет на општината Охрид, предводена од Јован Стојаноски, професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Како што истакна кандидатот за градоначалник на Охрид од „Сојузот за иднината“ Александар Петрески, станува збор за внимателно одбрани кадри од редовите на сите партии вклучени во опозицискиот блок, луѓе со интегритет и потврдени членови на заедницата.

– Цврсто стојам на ставот дека Охрид доби најдобра листа со кандидати за советници досега, луѓе кои ќе работата исклучиво во интерес на граѓаните. Нашиот натпревар на престојните избори ќе го базираме врз идеи, ќе настапуваме со љубов кон градот, кон неговите жители, рече Петрески, притоа нагласувајќи дека идните советници ќе бидат репрезенти на сите граѓани, независно кому го дале својот глас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?