Петрески: Охрид да го издигнеме на рамниште на светските туристички дестинации

Од:

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, на охриѓани и на сите граѓани на република македонија им ја честита Новата 2013. година.

Еве што стои во честитката:

„Дозволете во мое лично име и во име на општина Охрид да ви ги честитам престојните новогодишни и божиќни празници со желба за многу здравје, срека и успех во наредната година.

Зад нас е уште една година која и покрај големите проблеми, успешно ја поминавме. Во време на голема економска криза успеавме да реализираме многу проекти, успеавме да го подобриме ликот на градот, да го продолжиме развојот на Охрид и да ги направиме граѓаните позадоволни. Покрај желба тоа е и моја должност.

И покрај сите потешкотии кои не опкружуваат денес, сите успеси во Охрид ги постигнавме меѓу другото и со Вашата поддршка. Вие сте основната клетка без која локалната самоуправа не би можела да функционира.

Наша обрска и должност е и во наредната година да го продолжиме развојот на нашиот град и сите заедно да го издигнеме на рамниште на светските туристички дестинации.

На крај, сакам уште еднаш, на сите граѓани да им посакам добро здравје пред се, среќа и успех и остварување на сите ваши планови во наредната година“.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум