(ВИДЕО) Петрески: Ние не баравме нови рокови за поднесување листи

Од:

Охридскиот градоначалник Александар Петрески изјави дека вчерашниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ не бил предлог.

„Тоа не беше предлог бидејки не нуди ништо ново. Ние можевме и до 16. февруари да ги дадеме листите и затоа нема потреба да ни даваат дополнителен рок за да предадеме листи. Вистински предлог беше предлогот што го даде Заев, каде се спуштија работите кои претходно се бараа, на минимум. Тоа е да има за неколку недели одлагање на изборите, при тоа опозицијата да учествува на тие избори и да се врати во собранието.

– Тоа не беше барање кое е тешко да се исполни и затоа сметам дека ако има минимум воља од централната власт Македонија да оди напред и да не се создаваат вакви проблеми, тоа централната власт ќе го прифати. Што менува тоа ако се одложат изборите? Ако се има минимум воља централната власт тоа ќе го направи. Јас очекувам дека ќе се најде решение“, рече Петрески.

Петрески рече дека тој како градоначалник и целата партија сакаат да учествуваат на избори.

„Ние сакаме да учествуваме на избори, јас лично, другите градоначалници и целата партија и затоа барањата се сведени на минимум. Она што го даде Ставревски како предлог беше да покажат дека ете и тие прават нешто. Во Охрид доколку одиме на избори, ќе победам во првиот круг со минимум 3500 гласа разлика“, рече Петрески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски