Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески призна дека еден од спорните објекти во Трпејца за кои во изминатиов период се крена голема прашина бил нелегален, додека другиот бил делумно нелегален.Утврдивме дека едниот објект е тотално нелегален, додека другиот е делумно нелегален.
Ние го известивме сопственикот дека објектот е нелегален.Тој сега има право на жалба до второстепената комисија,и дури потоа ќе треба да се сруши објектот.Ние ќе му дадеме шанса на сопственикот сам да си го сруши објектот, за да не прави дополнителни трошоци.Ако не го сруши сам тогаш ќе го срушиме ние како општина Охрид рече Петрески.
Ниту една реакција контра реакција и притисок нема да ме натераат да го прекршам законот и да ја оштетам општината и затоа целата процедура ќе ја терам до крај законски. Од сите документи со кои располагаме се гледа што може, а што не може да се легализира. За она што не може да се легализира е донесено негативно решение.
Тој на тоа има право на жалба. Луѓето и на смрт ќе ги осудат па имаат право на жалба, а не за друга работа. Тие што се обидуваат целиот овој настан да го направат политички тоа не им успева, и секогаш вистината на крај ќе излезе#, рече Петрески.