Петрески: Ќе ја почитувам одлуката на партискиот врв

Од:

Градоначалникот Александар Петрески кој по третпат беше кандидиран за првата фотелја во Општина Охрид, вели дека ќе ја почитува одлуката на СДСМ да се бојкотираат локалните избори ако не се одржат и општи избори, извести „Супер Радио“.

– Не знам дали е тоа дефинитивно, но сигурно дека ќе продолжиме да го почитуваме ставот дека додека не се создадат демократски услови нема да учествуваме на избори. Јас тој став го почитувам затоа што навистина нема реални услови за демократски избори. Убеден сум дека и без такви услови ќе победам во Охрид уште во првиот круг – објаснува Петрески.

Одењето на избори, според него, ќе значи давање легитимитет на, како што вели, недемократската власт на чело со Никола Груевски.

– Македонија е тргната во многу погрешен правец во однос на демократијата, и со самото учество ќе им дадеме легитимите на недемократската влада на чело со Никола Груевски. Затоа останувам на ставот, доколку има избори ќе победам во првиот круг, а доколку се одлучи да не излегуваме на избори, нема да излегуваме – додава Петрески.

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ