Петрески: Јас можам да бидам кандидат само на СДСМ и коалицијата

Од:

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, во изјава за А1он го отфрли писменото соопштение на Советот на интелектуалците на Општинската организација на СДСМ, во кое тие бараат во секој случај да се оди на локални избори, па ако треба и со независна кандидатура.

„Тоа е став само на двајца членови на Советот, кои во спрега со Веле Митановски го направија и објавија ова. Со ова сакаат да нанесат некаква штета, но во тоа нема да успеат. Советот на интелектуалци треба да советува внатре во партијата . Тоа е нивен личен став, и ние како демократска партија, тоа го дозволуваме. Јас можам да бидам само кандидат на Коалицијата предводена од СДСМ. Мора да се создадат услови за фер и демократска трка.Ставот на овие поединци не е мој, ниту став на СДСМ“, вели за А1он, Александар Петрески.

Соопштението на Советот било испратено со потпис, без печат, во охридското Супер Радио, а пренесено од Инпрес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?