Петрески: Безбедноста во езерото е на незавидно ниво

Од:

Охридскиот градоначалник Александар Петрески апелира да се среди сосотјбата со капетанијата во Охрид и конечно да постави капетан.

„Покрај редовните апели до централната власт, безбедноста во Охридското езеро и понатаму е на незавидно ниво, што се потврди и во неделата. Првата жртва е момче на кои му беа нанесени тешки телесни повреди од страна на несовесен скутерџија, кој не само што го предизвикал инцидентот, туку успеал и да им побегне на надлежните.

Токму за состојбите во Капетанијата, која е задолжена за езерскиот сообраќај, неодамна реагиравме, но по се изгледа залудно. Еве сега повторно да апелираме до власта да ја среди ситуацијата во оваа институција и конечно да постави капетан. Сезоната е во полн ек, а капетанијата е без раководство и не е способна да ја извршува својата функција.

Од друга страна, патролите на полицијата очигледно се недоволно присутни, кога поединци успеваат да дивеат со скутери и да поминат незабележано. Јасно е дека забраната за скутери трае еден месец, но тоа не значи во останатиот период да владее хаос на езерото.

Малку ни беше несреќата со „Илинден“, која стави црна дамка на безбедноста и туризмот во Охрид. Не ни доаѓа памет, па сега во сред сезона Охрид е оставен без капетан на капетанијата.

Сакам да ја прашам директно владата. Кога планирате да поставите одговорно лице во капетанијата? Сезоната е во полн ек, а ако ви е планот капетан да поставите во октомври, тогаш капетан не ми треба. Треба ли да се случат уште неколку несреќи за да ви текне дека не може да го игнорирате Охрид, само затоа што градоначалникот е од опозицијата“, рече Петрески.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on