Петрески: 35 урбанистички планови за Охрид со години чекаат на потпис во министерствата

Од:

„Голем број на урбанистички планови и по неколку години седат во Скопје и на истите намерно надлежните министерства не им ставаат потпис. Станува збор за 35 урбанистички планови кои не ги потпишуваат, поради што истите не можат да се најдат на седница на совет“, рече охридскиот градоначалник Александар Петрески.

„Станува збор за 35 урбанистички планови, сите оние кои ги бараат граѓаните. Поголем дел од нив на потпис чекаат и по неколку години. Кога ќе ја извадиме картата на градот на кои делови се однесуваат овие урбанистички планови, ќе се види дека тие зафаќаат повеќе од половината на територијата на Охрид, и на тој простор живеат повеќе од 20.000 граѓани кои имаат по некоја потреба нешто да направат таму. Но тие не ги потпишуваат овие планови“, рече Петрески.

Градоначалникот обвини дека продолжува опструкцијата врз Охрид од страна на централната власт.

„Нивната математика беше таква да се опструира до крај Охрид. Со оглед на тоа дека сме неколку месеци пред избори ни го доделија градежното земјиште,за да немаме време да го реализираме она што го ветивме, мислиме на катната гаража, автобуската станица, градскиот пазар“, додаде Петрески.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност