Петок 13ти и коронавирус – нема луѓе и возила, само празни улици

Од:

Празни и темни улици, катанци на сите кафулиња и ресторани, слика каква што одамна не се памети во главниот град, особено во петок навечер.

При нашата прошетка низ центарот во Скопје, но и во Старата скопска чаршија, а и во Чаир, речиси и да немавме чувство како да сме во истиот град од пред неколку дена. Очигледно, стравот и владините мерки за превенција од коронавирусот, си го направија своето.

Вака изгледаше плоштадот во Скопје по 18 часот, откако почнаа да затвораат кафулињата и рестораните.

Луѓето седеа по клупи, но екипата на „А1он“, а и судејќи по фотографиите што ги направи нашиот фоторепортер Адем Маровци, успеа да изброи само триесетина луѓе кои се движеа во централното градско подрачје.

Немаше големи собири на луѓе, а рестораните и кафулињата и претходно не беа премногу полни.

Сите угостителски објекти затворија точно во 18 часот, согласно владината одлука.

Потполно празна беше и Старата скопска чаршија. Таму буквално не можеше да се најде човек што шета по калдрмите. Сите кафулиња кои обично во тој период се преполни, сега се затворени.

Единствено работеше трафиката во која се продаваат сувенири, но и тоа беше залудно, бидејќи немаше купувачи.

Слична беше глетката и во населбата Чаир. Таму не работеше ниту едно кафуле, ниту пак ресторан, а улиците беа празни.

Луѓето обично поминуваа носејќи кеси со производи од маркетите или пак лекови од аптеките, вклучително и гелови за дезинфекција, влажни марамчиња и ракавици за заштита на рацете.

Со новите мерки на Владата, а во однос на превенција и заштита на коронавирусот, сите кафулиња и угостителски објекти работат до 18 часот. Најавени се остри мерки од Државниот пазарен инспекторат за сите оние кои нема да ги почитуваат овие одлуки.

Сепак, до 18 часот, кафулињата денеска беа преполни, а забележително беше и дека не се почитуваше препораката за преполовување на капацитетот на луѓе во објетите.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески