Петнаесет Ромки поминаа обука и се вработија во социјалното претпријатие за професионална грижа на стари лица во домашни услови „Нега плус“, отворено преку проектот за зајакнување на Ромките во општеството, спроведен со финансии од Европската унија.
– Поддржавме 15 Ромки на кои им овозможивме да ги развиваат своите работни вештини, потоа да се вработат и конечно да ја остварат својата економска независност. Сите тие и се надевам и многу други во иднина ќе имаат можност да се вработуваат и да заработуваат, рече денеска на прес-конференција Драгана Каревска Чемерска, програмски раководител на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА, која е носител на проектот.