Петмината повредени примени во Ургентен се во стабилна состојба

Од:

Од шестмината повредени во сообраќајната несреќа на патот Штип-Велес, кои беа примени во Ургентниот центар-Скопје, петмина се задржани на лекување и се во стабилна состојба и не се во животна опасност, а еден е пуштен на домашно лекување.

Еден потешко повреден на возраст од 60 години е на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) со скршеници на ребра и на подлактица и ќе му биде извршена хирушка интервенција, двајца од кои едниот со скршеница на лева надколеница на возраст од 33 години, а другиот со повреди на р’бетот на возраст од 34 години се на Трауматологија, додека уште двајца се примени на Клиниката за неврохирургија.

Ова денеска го изјави директорот на Клиниката за ТОАРУ (трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар, Реџеп Селмани, кој рече дека  здравствената состојба на повредените примени на КАРИЛ и на Трауматологија е стабилна.

Директорот на Клиниката за неврохирургија Александар Чапаровски рече дека од двајца повредени примени во таа ЈЗУ едниот на возраст од 32 години има полесни повреди и е примен на Оддел со скршеница на черепот, потрес на мозокот, кој е свесен и контактибилен без други повреди и е вонживотна опасност.

Посочи дека жена потешко повредена во сообраќајката која е на возраст од 40 години  е примена на интензивно лекување на Клиниката.

– Таа е дезориентирана, конфузна…На првичните снимки, анализи, не се гледаат трауматски промени на мозокот, ќе ја следиме и ќе видиме што понатаму. Сега е во фаза на испитување за тоа дали има некои други повреди. Во моментот е вонживотна опасност, потенцира Чапаровски.

Одговарајќи на новинарско прашање Селмани рече дека откако се случила сообраќајната несреќа веднаш биле информирани дека има можност за доаѓање на поголем број пациенти.

– Стапивме во контакт со Клиничката болница во Штип и Болницата во Велес, голем дел од повредените се таму, се инфопрмираме за нивната здравствена состојба. Засега нема најави дека некои од повредените ќе бидат пренесени во Ургентниот центар во Скопје, додаде Селмани.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница