Петмина вработени на Ветеринарниот факултет позитивни на Ковид – 19, уште неколкумина со симптоми доаѓаат на работа

Од:

На Факултетот за ветеринарна медицина се регистрирани петмина заболени од Ковид – 19, а уште неколкумина пројавиле симптоми, но се уште не се тестирани, велат за „А1он“ извори од факултетот кои бараа да останат анонимни. Дел од оние со симптоми се во самоизолација, но има и дел од нив кои продолжиле да доаѓаат на работа.

„Дел од вработените доаѓаат на работните места иако се жалат на изнемоштеност и покачена температура. Друг дел колеги, пак, решија да останат во самоизолација бидејќи не се тестирани, не знаат дали се заразени и не сакаат сите останати да ги доведат во опасност “, велат од факултетот за „А1он“.

Факултетот работи непречено. Студенти доаѓаат секојдневно оти има испити кои се одржуваат со физичко присуство. Со ова, се зголемува и стравот кај вработените и кај студентите дека Ветеринарниот факултет може да претставува нов кластер заразени од Ковид-19.

Дополнителен проблем, според нашите извори, претставува фактот што дел од студентите кои се ангажирани во наставата, немаат здравствено осигурување.

И студентите и вработените се прашуваат како ќе продолжи наставниот процес по петте регистрирани случаи на заболени.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски