Петмина штипјани ја загубија битката со коронавирусот

Од:

Најцрна Ковид статистика за Штип од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа во Ковид центарот починаа петмина штипјани, на возраст од 48 до 79 години. Според извештајот на болницата во Ковид центарот се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на 46 им е потребна кислородна поддршка.

Во меѓувреме штипскиот Затвор го има вториот бран на заразени од почетокот на пандемијата. Петмина осудени лица и двајца вработени се позитивни на коронавирусот.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека тројца од осудените лица се спроведени на Инфективното одделение да им се напарави крвна слика и снимка на белите дробови.

-Петмината осуденици се во добра здравствена состојба и се изолирани во две посебни простории, нашиот лекар е во комуникација со инфектолозите и во текот на денот им се прави и мерење на телесната температура и сатурација, информира тој.

Директорот не го открива индентитетот на осудените лица, но неофицијално меѓу заразените се и Митко Чавков поранешен директор на БЈБ и Митко Пешов началник на специјалните полициски сили. Ова е втор бран, со што досега се заразени седумина осуденицици, а заразата ја поминале претходно 15 вработени.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски