Петмина повредени во сообраќајка на три возила близу Кичево

Од:

МВР извести дека вчера во 22.55 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат“ управувано од С.Д.(18), возило „фолксваген пасат“ управувано од Д.Д.(33) и возило „ауди“ управувано од В.Х.(59), сите од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фиат“, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, возачот на патничкото возило „пасат“ и неговиот сопатник Ќ.Р.(30) од кичевското село Туин, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски