Петмина повредени во сообраќајка на мотоцикл и автомобил во Градско

Од:

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13:30 часот на ул.“Маршал Тито“ во Градско помеѓу мотоцикл марка „Јамаха“ со скопски регистарски броеви управуван од П.С.(20) од с.Дреново – кавадаречко и патнички автомобил марка “Мазда-3“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од О.А.(40).

Како што појасни Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес, по незгодата на лекарски преглед во Приватна здравствена установа во Градско се јавиле сите учесници.

– Констатирани биле повреди кај возачот на мотоциклот и неговиот сопатник С.П.(30), додека возачот на автомобилот и неговите сопатници Г.С.(69) и А.С.(35) по укажаната медицинска помош биле упатени на болничко лекување, рече Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он