Петмина повредени во сообраќајка кај Хиподром

Од:

На 21.8.2022 во 18.35 часот во СВР Скопјр било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“-клучка Хиподром се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „БМВ 318“ со австриски национални ознаки, управувано од К.Б.(26) од Австрија и патничко моторно возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(69) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Н.(66) од возилото „опел инсигниа“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Д.Ј.(29) и уште една малолетна сопатничка, двете од возилото „БМВ“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он