Петмина починати, 35 нови случаи на Kовид-19

Од:

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 69-годишна возраст, хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга на 70 години, примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47-годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.

Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19, информира Министерството за здравство.

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-22, Куманово-4, Штип-1, Тетово-6, Струга-1 и Гостивар-1.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти во: Скопје-8, Куманово-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Битола-2, Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498. По завршување на епидемиолошките анкети, две лице кои вчера беа евидентирани во Скопје, се соодветно распоредени во Тетово и Куманово според местото на живеење, соопштува МЗ.

Согласно ова, последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 817, активни 248
• Куманово – 453, активни 44
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 62, активни 27
• Прилеп –211, активни 41
• Тетово – 198, активни 75
• Струга – 80, активни 11
• Велес – 129, активни 29
• Битола –28, активни 4
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –23, активни 5
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 32, активни 1
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1.

Направените 1120 теста се преку: ИЈЗ –546, ЦЈЗ Скопје- 66, Авицена –50, Биотек -178, Филип Втори (Жан Митрев) –51, Систина со PCR метода -120 и МАНУ -109. Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19, велат од МЗ.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 4 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти, соопштува Министерството.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 10 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска