Петличковски: Со трета доза заштитата од инфекција се крева над 80 отсто, омикрон го заобиколува имунитетот од прележан детла сој

Од:

Новиот претседател на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски по првиот состанок на новиот состав извести дека нивната главна препорака останува вакцинацијата и почитување на мерките за носење маска и одржување дистанца. Комисијата во новиот состав ќе се базира на следење на научните студии и прилагодување и примена на светските искуства од студиите и кај нас.

„Омикронот може да го избегне имунитетот од прележување на делта варијантата и може да го избегне имунитетот кој е постигнат со вакцина ако е примена долго време наназад. Единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата, вклучително третата доза. Има студии кои кажуваат дека заштитата од инфекција пораснува над 80 проценти со третата доза вакцина и секако инсистираме да останат мерките за носење маска и одржување дистанца“, рече претседателот Петличковски.

Објасни дека препорачуваат учење со физичко присуство оти процентот на заразени на возраст од 12 – 18 години не бил голем во однос на целата популација, а работат и на планот за најавениот скрининг во школите.

„Се размислува скринингот да биде со брзи тестови кои не се многу на број, неколку илјади, десетина – дваесет илјади се на располагање и ќе биде на случајни ученици со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот во овие групи. Брзите тестови имаат пониска специфичност за детектирање на омикрон отколку на делта сојот, но и таа специфичност се движи некаде над 50 проценти па ќе бидат некако употребливи“, вели претседателот Петличковски.

Првиот состанок на Комисијата со нов состав траел два часа во кои членовите се запознавале со работата, а покрај за учебната година и скринигот, разговарале за стимулирање на вакцинацијата и за вакциналните сертификати.

Покрај Петличковски како претседател, во Комисијата со решение од министерот за здравство членуваат Кристина Ставридис од Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети од ИЈЗ, Калина Гривчева – Старделова од Гастро која е и координатор на интерните клиники, Невзат Елези од Медцинскиот факултет на државниот универитет во Тетово, Дугаџин Османи од ИЈЗ, Жарко Караџовски од ИЈЗ, кој досега беше претседател на Комисијата, Иринка Сотирова Бухова директорка на Државниот санитарен и здравственинспекторат (ДСЗИ), Катерина Ствриќ од Детска клиника, Милена Стевановиќ, Звонко Милекновиќ, Фадил Цана, Марија Димзова и Илир Демири сите од Инфективната клиника, Виктор Исјановски од Здравствен дом, Лилјана Деспотовска – Ристивска од ДСЗИ, Нико Беќаровски од Токсикологија, Арбен Лабеништа од Институт за белодробни заболувања Скопје, Марија Дуганова од „8 Септември“, Сузана Маневска од Министерството за здравство, Јованка Костовска специјалист епидемиолог, Злате Мехмедовиќ, кој ќе биде задолжен и за односи со јавност, Златко Арсениевски од Центарот за јавно здравсје – Скопје (ЦЈЗ), Драган Ѓерогиевски, претсавник на Здружение на лекари по општа и семејна медицина, Грета Никовоска од Агенција за храна и ветеринарство и Марија Милкова од Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски