Петличковски: Не знаеме што ќе се случи за месец дена, интензивно ќе објаснуваме дека во моментов стандард за заштита се три дози вакцина

Од:

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски најави дека во следниот период, по стивнувањето на овој бран на коронавирус, ќе се посветат на зголемување на процентот на вакцинирани. Пораките со потсетување за вакцинација кои ги испраќаат на лицата кои се во ризичните групи, односно оние со хронични заболувања и лицата над 65 години, вели дека дале резултат.

„Сакам да потенцирам дека оваа моментална состојба ни дава простор малку да здивнеме. Но во тој простор кога здивнуваме aпсолутно ќе се посветиме на вакцинацијата и на објаснување зошто ние не ја заклучивме пандемијата. Ние не знаеме што ќе се случи по месец дена, не па по два или три месеци. Во ова меѓувреме вакцинацијата ни останува клучната алатка во борба против пандемијата. Имавме интензивирање, праќање пораки, тоа ќе го засилиме затоа што има резултат. Има одговор на потсетувањето дека е добро да се вакцинираат прво тие со поголем ризик, но понатаму и оние кои примиле две дози, а поминало доста време од втората доза. Во моментот стандард за заштита е три дози вакцина. Тоа интензивно ќе го објаснуваме’, рече претседателот Петличковски.

Комисијата денес соопшти дека ризикот од ширење на Ковид – 19 е намален и земјава се наоѓа во зелена фаза што им дало за право да продолжат со олабавување на мерките. Оваа недела ќе предложат на Владата да се укинат маските во основните училишта за учениците, но да останат за наставниците и административно – техничкиот персонал, да се укинат сертификатите во отворените делови од угостителските објекти исполнетоста на театрите и кината од сегашните 50 да се зголеми на 70 отсто.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски