Петковски: Оваа власт ни ја краде иднината

Од:

Ќе останеме горди Македонци ако си ја добиеме слободата. Но, не со оваа власт, која ни ја краде иднината. Оваа власт време е да си оди, рече на вечерашниот митинг на Сојузот за иднината лидерот на НСДП, Тито Петковски.

Тој зборувајќи дека Сојузот за иднината е составен од леви, десни и центристички партии, рече дека и најлутите политички ривали се споиле на овие избори под едно знаме, со единствена желба да живеат во слободна Македонија.

Тој потсетувајќи на слоганот на владејачката партија дека „Македонија се сака со дела“, истакна дека кога ќе се набројат сите недела што оваа власт ги направила во Битола, во Македонија, тогаш само покажуваат дека нејзините претставници ја мразат оваа земја.

Навраќајќи се на „црниот понеделник“, Петковски рече дека Груевски го исценирал овој инцидент затоа што ако до 8 јануари не ја врател ратата од кредитот во висина од 183 милиони евра, тогаш на 10 јануари ќе морал да прогласи банкрот.

Тој и ќе тепа, и ќе затвора, но од власт не се откажува. Затоа овие мора да паднат, почетокот мора да почне на 24 март – повика лидерот на НСДП.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме