Петковски: НСДП ќе даде шанса и на партиски неопределените граѓани да се вклучат во локалните избори

Од:

Во рамки на подготовките за претстојните локални избори претседателот на НСДП, Тито Петковски, вчера во Куманово имаше работна средба со претседателите на општинските организации на партијата од втората изборна единица.

Како што соопштува НСДП, Петковски истакнал дека во рамки на подготовките за претстојните локални избори и утврдувањето на кандидати за општинските совети и градоначалници, НСДП ќе даде шанса и поддршка и за граѓаните кои не членуваат во ниту една политичка партија да се вклучат во изборниот процес.

„Како политичка партија да покажеме еден повисок степен на мотивираност и активност во мобилизирање на квалитетот кој лежи кај дел од граѓаните кои не покажуваат партиски афинитети, а истовремено имаат одредени идеи за тоа како може да го подобрат животот на своите сограѓани во општините во кои живеат. НСДП треба да биде канал за институционализирање, а не партизирање, на овие креативни елементи во локалните заедници“, порача Петковски пред своите сопартијци.

Тој нагласи дека целта треба да биде промена на досегашната политичка логика која во пресрет на локалните избори фокусот го ставаше на партиските коалиции, на тоа кои локални партиски челници ќе бидат носители на листи и кандидати, на сметка на проблемите и каде лежи потенцијалот во локалните заедници за нивно надминување.

Би можело да ве интересира

Организацијата што суши пиперки на тераса, продолжи со сомнителните анкети во Велес, Сопиште, Виница и Илинден

Предраг Петровиќ

СДСМ кампањата ќе ја почне во Битола, а ќе ја заврши во Куманово

Катерина Павлова-Николовска

Кампањата за локалните избори ДУИ ќе ја почне и ќе ја заврши во Гостивар

Катерина Павлова-Николовска

Од 297 кандидати за градоначалници, 26 се независни

Партиите од утре во официјална кампања за локалните избори

Кузеска: Кадри на Груевски и осомничени лица, тоа е понудата на Мицкоски за градоначалници