Петковски: Неморално е Груевски, политички да тргува со бранителите

Од:

За НСДП, развојот на настаните во владеачката коалиција само потврдува дека Македонија се наоѓа во длабока криза, но не само коалициска, туку и политичка, економска, меѓуетничка и морална, создадени од партнерите во власта. Дефинитивно станува јасно, велат, дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се способни да ги решаваат сложените проблеми во општеството и да ја водат државата.

„Кога увидоа дека ловот на вештерки не им помага, посегнаа по патриотската војна за спас на достоинството на нацијата, заборавајќи при тоа дека достинството на македонските граѓани не опадна во Слупчане, туку со страотниот пад на животниот стандард. Во запирањето на натамошното севкупно пропаѓање, патриотизмот им остана единствено прибежиште. Во едно од клучните и за државата најважно министерство, министерот од едната и неговиот заменик од другата партија, место државното, високо ги кренаа партиските знамиња и силно зачукаа во партиските барабани, ширејќи и едновремено етничка омраза. Едниот ги штити војниците, другиот ги бара нивните глави. Тој пак што според својата функција треба да биде балансер на односите, сакајќи да му се додвори на премиерот највисоко го крена знамето на ВМРО-ДПМНЕ, покажувајќи и практично, дека не е претседател на сите граѓани“, изјави Тито Петковски.

„Да се управува со влада во услови на хетерогена етничка структура, бара висока политичка култура и посебна политичка вештина, особини кои се многу далеку од еден популист и националист каков што е Груевски“, вели Петковски.

Наместо да понудат стратегија за помирување, вели Петковски, со лажен и задоцнет патриотизам, предлага Закон за права и привилегии на бранителите од конфликтот во 2001 година, а него борците на ОНА не го загрижуваат.

„За мене овој потег на Груевски и владеачката партија е крајно лицемерен, имајќи го во вид нивниот однос кон ова прашање од 2006 година па до денес. Крајно некоректно и неморално е бранителите да се користат за уште една доза “патриотизам” и нивното претворање во заложници на неговата политика со колаициониот партнер во власта.За жал, развојот на настаните по инцидентот во Слупчане, само покажа дека во државата нема желба и свест за демаскирање на лажниот “патриотизам ” и политичката трговија со бранителите“, изјави во Собранието, Тито Петковски.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски